Трета среќа: Црна Гора конечно славеше во Ерменија

Селекцијата на Црна Гора од третиот обид успеа да слави во Ереван против Ерменија. Црногорците вечерва со 2:1 ја совладаа Ерменија во натпревар од второто коло во Лигата на нации во дивизијата Ц.

Претходно, Црна Гора во 2016 година во Ереван загуби со 3:2, а во 2022 година со 1:0.

Фудбалерите на Црна Гора подобро го започнаа натпреварот, доминираа и таквата игра им донесе резултат во 20-та минута и тоа со автоголот на Пилојан кој топката наместо надвор од шеснаесетникот, ја смести во сопствената мрежа.

Иако делуваше немоќно, Ерменија во 35-та минута успеа да дојде до израмнување преку Серобјан, но три минути подоцна Крстовиќ со одличен удар го врати водството за Црна Гора.

И во вториот дел, Црногорците беа подобри, имаа две одлични шанси за нов гол, но не ги искористија и казната стигна во 65-та минута кога Спертсијан погоди за 2:2. Сепак, Црна Гора доминацијата на теренот ја круниса во 89-та минута кога Латковиќ најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и погоди за 3:2 и победа за неговата селекција.

Во вториот натпревар во дивизијата Ц, Летонија и Кипар одиграа без голови.

Немаше голови и на мечот од дивизијата Б помеѓу Грузија и Украина.

Се вчитува...