Три фудбалери се желба на Чави за замена на Гави

Повредата на Гави која ќе го оддалечи од теренот до крајот на сезоната ја примора Барселона да бара решение на неговата позиција надвор од клубот и покрај тоа што постои опција да се врати Пабло Торе од позајмицата во Жирона, пренесуваат шпанските медиуми.

Тренерот Чави цели на фудбалер кој може да донесе стабилност во средината на теренот, а 20-годишниот Торе кој воедно е и најефтино решение засега не ги задоволува потребите со оглед на малата минутажа и во редовите на лидерот на Ла Лига.

Шпанскиот стратег веќе испратил листа на посакувани фудбалери, а високо на истата е фудбалерот на Атлетико Мадрид и освојувачот на златниот медал  на Светското првенство кое се одржа во Катар, Родриго де Пол кој се очекува да биде достапен за трансфер за сума од 35 милиони евра.

Доколку не се реализира истиот како опции се споменуваат и фудбалерот на Јувентус, Адријан Рабио и фудбалерот на Аталанта Едерсон.

Се вчитува...