Три имиња на списокот на Арсенал, кој ќе го замени Озил?

Месут Озил е блиску до напуштање на „Емирати“ и преселба во редовите на ДС Јунајтед, а Арсенал тргнува во потрага по нов креативец и покрај трите победи во низа кои Артета успеа да ги врзе во последните натпревари.

Првата желба е Емилијано Буендиа од Норвич. Феноменалниот Аргентинец докажа дека може да игра во Премиерлигата, но проблем за „топчиите“ е неговата цена која изнесува 40 милиони евра. Поверојатна е опцијата тимот од Лондон да се обиде да придобие играчи со позајмица, а во оваа опција се споменуваат Иско и Дракслер.

Шпанецот не добива шанса во Реал Мадрид, а доколку сака да конкурира за место во шпанската репрезентација, мора да ја напушти средината. Во иста ситуација е и Дракслер, кој по доаѓањето на Покетино не знае дали аргентинскиот стратег ќе смета на неговите услуги. За 27-годишниот Германец има место во Арсенал, но клубот од Лондон мора да реагира брзо.

Се вчитува...