„Три од три“ за Рајковиќ и Саратов во ФИБА Еврокупот

Македонскиот кошаркарски стратег продолжува одлично да го води рускиот Автодор Саратов. Тој денеска стигна и до третата победа во исто толку натпревари во главната фаза од ФИБА Еврокупот откако неговиот Автодор славеше на домашен терен против турскиот Бахчешехир со 75-70.

Во дуелот меѓу двата тима кои се борат за првата позиција во групата Л, подобриот финишт на рускиот тим беше клучниот фактор за победник на мечот.

Канаѓанецот Чери со 14 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Декер заврши со 16 поени.

 

 

Се вчитува...