Три ѕвезди на едно место во ЛА: Јокиќ го прекина интервјуто на Ѓоковиќ… (ВИДЕО)

Вечерта во која Леброн Џејмс ја проби границата од 40.000 поени за историја во НБА лигата, а успеа да му ја расипе Никола Јокиќ кој го однесе Денвер до победа над ЛА Лејкерс, го следеа голем број познати личности.

На трибините, веднаш до теренот, и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во друштво на легендата на југословенската кошарка Владе Дивац.

Новак секако беше во фокусот на медиумите, па интересен момент беше забележан во моментот додека Ѓоковиќ даваше интервју во салата. Веднаш штом Јокиќ го забележа Ѓоковиќ му притрча, а Новак го прекина интревјуто.

Секако сето тоа во друштво и на Владе Дивац…

Се вчитува...