Тричковски донесе победа за АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на победничкиот гол за својот тим АЕК Ларнака во триумфот (1-2) над Олимпијакос Никозија. Со оваа победа АЕК Ларнака ја задржа лидерската позиција на табелата со 35 бода.

Домаќинот Олимпијакос Никозија прв поведе на овој меч со голот на Мигуел во 28.минута, а АЕК Ларнака израмни само две минути подоцна преку Таулемесе. А Иван Тричковски во 51.минута направи целосен пресврт и постигна победнички гол за својот тим.

Се вчитува...