Тричковски е дерби-мајстор на АЕК Ларнака

АЕК Ларнака славеше во дерби дуелот од четвртото коло на кипарскиот шампионат против Омонија со 1-0, меч на кој во главна улога беше Иван Тричковски.

Токму македонскиот ас го постигна голот за дерби-триумф на АЕК, откако одлично се снајде во 62. минута и со прецизен удар го матираше голманот на Омонија.

АЕК Ларнака, во чии редови со успех настапува и Даниел Мојсов, поради учеството во Лигата на Европа има две одложени средби, а во досега двата одиграни натпревари освои вкупно четири бода.

Се вчитува...