Тричковски го „стресе“ Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски ја продолжува голгетерската серија во Лигата на Европа. Тој го доведе АЕК Ларнака во водство на гостувањето кај Баер Леверкузен со погодокот во 25.минута.

Тричко одлично се снајде во шеснаесетникот на германскиот бундеслигаш и ја затресе противничката мрежа од непосредна близина.

Се вчитува...