Тричковски и Мојсов влегоа во групите од Лигата на Европа

Иван Тричковски и Даниел Мојсов остварија огромен успех со тимот на АЕК Ларнака, откако со кипарскиот состав обезбедија влез во групната фаза од Лигата  на Европа.

АЕК за ривал во нокаут-фазата го имаше Тренчин, а по ремито од 1-1 во Словачка кипарскиот состав денеска доминираше и заслужено триумфираше со 3-0, со стил обезбедувајќи историски пласман во ова европско натпреварување.

Тричковски не се запиша меѓу стрелците, но асистираше при вториот гол на АЕК Ларнака, додека Мојсов одлично си ја заврши задачата во дефанзива.

Се вчитува...