Тричковски стрелец за нова победа на АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го постигна својот трет погодок сезонава во дресот на кипарска АЕК Ларнака.

АЕК тримфираше со 0-3 на гостувањето против Алки во 9. коло од шампионатот на Кипар, а Тричковски го постигна првиот погодок за својот тим во 50. минута од средбата.

Офанзивецот од утре се приклучува на репрезентацијата, на собирот во Швајцарија, пред натпреварот од Лигата на нациите на Македонија против Лихтенштајн на 16. ноември во Вадуц.

АЕК Ларнака, поради настапите во Лигата на Европа, сезонава има само седум одиграни натпревари во девет кола и со 16 бода е на четвртата позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...