Тричковски: Задоволен сум со мојата гол-форма, но пред се целта е АЕК да победува

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со извонредната форма со која настапува сезонава во дресот на кипарскиот АЕК Ларнака.

Тричковски уште еднаш е херој за својот тим носејќи го победничкиот гол во триумфот од 1-0 на дерби пресметката против Омонија.

„По поразот од Цирих и ремито со Неа Саламис некако чувствувавме одреден притисок дека треба да дојдеме до триумф во дерби пресметката со Омонија. И, на крајот, среќни сме што успеавме да освоиме три бода. Секако задоволството е поголемо со постигнатиот победнички гол, но најмалку се важни моите голови. Желбата е АЕК да реди победи во обидот за остварување на своите амбиции сезонава“ – вели Тричковски по големата победа на неговиот тим.

Македонскиот напаѓач ова лето за месец и половина има постигнато вкупно 8 погодоци во дресот на АЕК Ларнака, во првенството на Кипар и во Лигата на Европа, вклучувајќи го и репрезентативниот гол против Гибралтар.

Се вчитува...