Трилер реми на Словенија и Шведска, Норвешка рутински со Алжир

Во неверојатен трилер натпревар Словенија и Шведска одиграа без победник 28-28. Неверојатно израмнет натпревар во кој Словенците повторно како и на целиот шампионат стартуваа споро, па мораше потоа да се враќаат во натпреварот. Мечот влезе во неизвесна завршница, а Габер со гол во последната секунда донесе бод за Словенците. Гајиќ со шест гола беше најефикасен кај Словенцита, додека кај Шведска седум постигна Ване.

Норвешка го декласираше Алжир со убедливи 36-23. Норвежаните уште на самиот старт ја покажаа разликата во квалитет, а на полувреме заминаа со предност од 17-11. Сагосен и Блонц со по шест гола беа најефикасни кај победникот, додека во таборот на Алжир Абди заврши со шест гола.

Се вчитува...