Трипл-дабл по навика на Јокиќ, прв пораз на шампионот

Никола Јокиќ одигра уште еден импресивен меч во дресот на Денвер, предводејќи го својот тим до победа од 122-112. Јокиќ целосно доминираше, реализирајќи 33 поени, 15 скокови и 16 асистенции за 36 минути игра, повторно осигурувајќи трипл-дабл уште пред крајот на третата четвртина.

Со денешниот извонреден настап, српскиот ас го мина Оскар Робертсон и сега е осамен на второто место на листата играчи со најмногу трипл-дабл натпревари во историјата. Пред него е само Расел Вестбрук со 215, додека Јокиќ има 190, па големи се шансите тој веќе сезонава да го престигне и поранешниот соиграч.

Оклахома Сити го претрпе првиот пораз сезонава губејќи на гостувањето против Портланд со 121-119.  Оклахома имаше 16 победи над овој ривал, но Портланд конечно успеа да ја прекине оваа црна серија благодарение на Авдија и неговите 26 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Гилџус Александер постигна 35 поени, но и тоа беше недоволно за актуелниот првак да го избегне првиот овосезонски пораз.

Супердраматично беше во Лос Анџелес, каде ЛА Лејкерс славеше над Сан Антнио со 118-116, меч в кој Виктор Вембињама беше исклучен  по трите досудени лични грешки во напад, вкупно шест на мечот Дончиќ го заврши мечот со пет фаули, но и импресивни 35 поени, 9 скокови и 13 асистенции.

Резултати:

Кливленд – Филаделфија 132-121, Детроит – Јута 114-103, Индијана – Бруклин 103-112, Бостон – Вашингтон 136-107, Њујорк – Минесота 137-114, Мемфис – Хјустон 109-124, Далас – Њу Орлеанс 99-101, Денвер – Мајами 122-112, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 118-116, Портланд – Оклахома 121-119, Сакраменто – Голден Стејт 121-116.

Се вчитува...