„Триумфот е подарок за роденденот на Еурофарм“

Значително подобрена е атмосферата во таборот на Еурофарм Работник откако македонскиот вицепрвак вечерва славеше над Тримо Требње за свој прв триумф во Лигата на Европа.

На прес-конференцијата не се појави тренерот Бабиќ, туку неговиот асистент Божидар Мојсов, кој триумфот го искористи како честитка за главниот спонзор Еурофарм.

„Честитки за противничката екипа за борбената игра, Тримо одигра цврст натпревар и беше многу тешко да се игра. Оваа победа ни беше многу потребна, и истата е како еден вид на шлаг на тортата за напорната работа. Имавме проблеми сами со себе, па затоа сметам дека овој успех ни е добредојден за да ја вратиме самодовербата. Сакам да им честитам на сите играчи за посветената и борбената игра. За крајз сакам да му го честитам 20-от роденден на нашиот главен спонзор Еурофарм и заедно да славиме уште многу победи“, изјави Мојсов.

Се вчитува...