Тројца фудбалери кои играле на СП 1998 се уште се активни, знаете ли кои се тие?

ЦЕли 25 години минаа од СП 1998 во Франција, на кое домашната селекција стигна до првата светска круна во својата историја, но уште поинтересен е фактот дека четврт век подоцна се уште има фудбалери кои активно се занимаваат со овој спорт. Поточно, тројца играчи кои биле дел од СП 1998 се уште се активни фудбалери, и тоа Џанлуиџи Буфон, Шинџи Оно и Терујоши Ито.

Буфон дефинитивно е најпознато име од тројцата, италијанскиот ветеран има 45 години и се уште е под договор со Парма, а лани за маку ќе му помогнеше на тимот да се врати во Серија А. Легендарниот голман летово најавуваше дека размислува и за пензија, но тој има уште една година од договорот со Парма и речиси сигурно ќе продолжи да брани до 2024 година.

Јапонецот Шинци Оно настапи на 18 минути за „самураите“ на СП 1998. Денеска има 43 години и настапува за прволигашот Хокаидо Сапоро. Поголемиот дел од кариерата ја мина во Јапонија, додека во Европа настапуваше за Феенорд и една година ги бранеше боите на Бохум.

Ито е вториот Јапонец на овој список, тој сега има 48 години, но се уште активно настапува во татковината, како дел од третолигашот Азул Кларо Нумаз.

Се вчитува...