Тројца фудбалери на Охрид позитивни на Ковид-19

Тројца фудбалери на второлигашот Охрид се позитивни на коронавирусот. Ова е нов случај на позитивни случаи во македонски фудбалски клуб.

„Имаме три позитивни резултати од тестовите на нашите фудбалери кои ги направивме во четвртокот. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови“ се вели во соопштението од ФК Охрид.

Од ГФК Охрид истакнаа дека ќе ги следат сите насоки од надлежните институции и ќе постапуваат согласно нивните инструкции.

Се вчитува...