Тројца кошаркари на Бостон со вкупно 83 поени, за триумф над Филаделфија

Бостон славеше убедливо со 117-101 против Филаделфија во првиот меч од полуфиналната серија на Истокот, благодарение на изворедната тројка во своите редови која заедно постигна вкупно 83 поени.

Центарот Ал Хорфорд постигна 26 поени (со шут од игра 10/12), Џејсон Татум дополни со 28 поени, а Тери Розие погоди седум тројки од девет обиди за 29 поени. Или, вкупно тројцата 83 поени за триумф на Бостон.

Неверојатниот 31-годишен Хорфорд, кој игра во неверојатна форма, во одлучувачкиот седми меч против Милвоки шутираше со 13/17 од игра или 76,5%. А овој пат беше уште попрецизен – 83,3%.

Во редовите на Филаделфија потфрлија шутерите кои имаа 5/26 за три поени. Единствено Џоел Ембид со 31 поен и 13 скока одигра нешто, но тоа беше премалку за триумф против Бостон. ЏејЏеј Редик постигна 20 поени, Дарио Шариќ мечот го заврши со 12 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Се вчитува...