Тројца важни играчи на Црвена Звезда се враќаат за Валенсија

Огромните проблеми што ги има Црвена Звезда од самиот старт на сезонава почнаа да се намалуваат, откако тројца важни првотимци се вратија на располагање на тренерот Саша Обрадовиќ за наредниот меч со Валенсија.

Чима Монеке ги пропушти последните два меча поради повреда, но веќе е „фит“ и ќе настапи против Валенсија, исто како и Џордан Нвора, кој одлично ја почна сезонава, но паузираше речиси цел месец поради повреда.

Обрадовиќ за првпат на располагање ќе го има и бекот Девонте Грем, кој поради незгодна повреда беше „во аут“ од стартот на сезонава.

 

Се вчитува...