Тросар и стативата не дозволија Баерн Минхен да слави во Лондон (ВИДЕО)

Ниту Арсенал, ниту Баерн Минхен не се стекна со предност од Лондон, но ова „реми“ од 2:2 повеќе му одговара на тимот од Германија пред реваншот во Минхен. Но, „Баварците“ имаа и предност, и во финишот погодија и статива за победа и може да се каже дека може да жалат што не дојдоа до предност и што не направија огромен чекор кон полуфиналето.

Сака уште во 12. минута ги израдува домашните фанови, меѓутоа не за долго, затоа што Гнабри врати на другата страна во 18. минута. Кејн од пенал беше прецизен за водство на Баерн во 32. минута.

Но Баерн во вториот дел одигра слабо, немаше ниту еден шут кон голот, и беше казнет со гол на Тросар во 76. минута. Сепак, и покрај тоа што не одигра на нивото, германскиот тим во финишот од средбата преку Коман ја погоди стативата, и пропушти шанса да дојде до голем триумф од Лондон.

Се вчитува...