Цел свет воодушевен од Ајакс, но не и Алегри: Имаат само среќа, и ништо повеќе!

Ајакс сезонава го воодушевува светот со своите настапи во Лигата на шампионите, елиминирајќи ги Реал Мадрид и Јувентус, а на добар пат е да го елиминира во полуфиналето и Тотенхем.

Но, иако Ајакс добива признанија од целиот фудбалски свет, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека имаат само среќа и ништо повеќе.

„Ние од нив примивме гол од никаде. Чувствувавме некој страв од пораз на полувремето. Не знам да објаснам зошто беше така, но ние само им помогнавме да победат. Ајакс против нас играше кога ни недостасуваат дури пет фудбалери, а против Тотенхем играа кога нив им недостасуваа две ѕвезди во нападот. Ајакс е добар тим, но ова што го прави е повеќе на среќа“ – вели Алегри.

 

Се вчитува...