Цела Англија зборува за Кејн, а Јунајтед го купува Андре Силва?

Манчестер јунајтед ќе се обиде во летниот преоден рок да се засили во нападот како би можел да ја нападне титулата во Премиер-лигата. Иако изминатите денови се шпекулира дека „летната бомба“ на Оле Гунар Солскјер ќе биде најдобриот англиски напаѓач, Хари Кејн, сега излегоа информации дека Норвежанецот е заинтересиран за „шпицот“ на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва.

Андре Силва игра во одлична форма во дресот на бундеслигашот. Годинава Португалецот запиша 29 настапи на кои дури 25 пати ја тресеше мрежата. Силва би требало да биде замена за Единсон Кавани кој на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Сепак, голем дел од медиумите на островот велат дека Силва следната сезона ќе биде само „бек-ап“ бидејќи веќе е договорен и трансферот на Хари Кејн.

Се вчитува...