Цела Сицилија го слави Алекс Трајковски

Палермо во третото коло од „Серија Б“ ја забележа својата прва победа, а најзаслужен за неа е Александар Трајковски, кој блесна и донесе пресврт за триумф од 1-2 на гостувањето против Фоџа.

Домашниот тим имаше предност од 1-0 по првите 45 минути, за потоа на сцена да стапи македонскиот репрезентативец. Најпрвин по слободниот удар на Трајковски, неговиот соиграч Салви само малку ја допре топката и го измами голманот на Фоџа во 54. минута. Осум минути подоцна самиот Александар Трајковски се снајде во улога на стрелец, одлично сместувајќи ја топката во мрежата.

Вториот Македонец во Палермо, Илија Несторовски, овој натпревар го почна од клупата за резерви и влезе во игра во 88. минута.

Се вчитува...