Циркус во Палермо: Смешен црвен картон за Трајковски, по него исклучен и легендарниот Валтер Зенга

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски заработи повеќе од смешен директен црвен картон на дуелот од 9. коло во Серија Б на неговиот Палермо против Венеција.

Палермо, и покрај тоталната доминација на мечот, на крајот само ремизираше (1-1) против Венеција пред своите навивачи. Гостите дојдоа до водство со голот на Сегре во 60. минута од средбата. Но, тимот на Палермо и тоа како беше оштетен на мечот со исклучувањето во 63. минута на Трајковски, апсолутно незаслужено по еден најстандарден фудбалски старт над Ди Мариано за кој тешко би се добил и жолт картон а не директно исклучување.

Но, тензичниот натпревар не заврши само со исклучувањето на Трајковски. Само неколку минути по црвениот картон за македонскиот фудбалер поради протест кон судиите исклучен беше и тренерот на Венеција, легендарниот Валтер Зенга кој само пред две недели беше именуван за нов тренер на Венеција.

Венеција е осумнаесетти клуб во кариерата на Валтер Ѕенга, што доволно говори за неговиот тренд на брзи промени (откази) во речиси сите тимови во кои има работено. Осумнаесет клубови во својата досега 15-годишна тренерска кариера.

Сепак, и покрај тоа што играше 30 минути со играч помалку на крајот Палермо стигна барем до бод израмнувајќи со голот на Струна во 90. минута за конечни 1-1.

По ова реми, Палермо е на три бода минус зад водечката Пескара во Серија Б.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...