Циципас го освои трофејот во Мајорка како загревање за Вимблдон

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го освои трофејот на АТП 250 турнирот во Мајорка. Тој во финалето на турнирот славеше со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 7-6 против шпанскиот тенисер, Роберто Баутиста Агут.

Иако требаше многу порано да го заврши мечот бидејќи имаше брејк предност и во вториот и во третиот сет, сепак Гркот го направи интересно финалето, а за трофејот мораше да игра тај-брејк во одлучувачкиот сет.

Циципас сега го очекува настап на Вимблдон каде во 1. коло ќе се сретне со Швајцарецот, Александер Ричард.

Се вчитува...