Циципас по поразот: Кириос ги малтретира противниците, ова не е тенис

Стефанос Циципас беше бесен на Ник Кириос по дуелот што Австралиецот го доби со 3-1 во сетови, но го одбележаа бројни конфликти меѓу двајцата тенисери.

Грчкиот ас не го издржа притисокот, па и покрај почетното водство од 1-0 во сетови го загуби мечот, по што се осврна на случувањата во неколкуте часа игра.

„Тоа е константно малтретирање, не постои друг збор – Кириос ги малтретира противниците, најверојатно бил насилник и кога одел во училиште. Има зла страна во сега, цело време зборува и се расправа, дали со противникот, судијата, публуката… Ние сме тука за да играме тенис, а ова денеска не беше тенис. Знам, и јас имам дел од вината, но ми здодеа да бидам само нем актер на целиот тој циркус од другата страна од мрежата. Едно треба да биде јасно, ова однесување на Кириос мора да престане, не може само да седиме од страна и да глумиме дека немаме проблем, дека ништо лошо не се случува“, истакна Кириос.

Се вчитува...