Црн допинг билтен во Англија: Петнаесет фудбалери добиле позитивни тестови!

Англиските медиуми обелоденија дека во периодот од 2015 до 2020 година дури петнаесет фудбалери од Премиер-лигата добиле позитивни тестови на допинг. Бројката постојано расте, особено ако се земат примероците од цела Англија, Шкотска и Велс.

Во периодот од 2013 до 2020 година, вкупно 88 играчи биле позитивни на допинг, што кажува доволно за овој скандал. Изненадувачка е информацијата дека ниту еден од нив не биле санкционирани за своите постапки. Дванаесет од оние биле позитивни на забранети супстанци за подобрување на перформансите, при што еден случај сè уште е под истрага, пет месеци по првичниот тест.

Премиер лигата наводно била задоволна од објаснувањата на фудбалерите, па тоа била главната причина за избегнување на санкции. Детали за позитивните допинг случаи не се достапни за јавноста.

Се вчитува...