Црногорците решија: Ем фудбал, ем публика на трибините

Фудбалскиот шампионат на Црна Гора ќе продолжи претстојниот викенд, а властите во оваа екс-ју држава изненадија со уште една одлука – да дозволат присуство на публика на стадионите.

„Точно е, ќе биде дозволен ограничен број на навивачи на спортските настани“, изјави Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ.

Се уште не се знае за колкава бројка станува збор, се очекува точната цифра да биде наведена во протоколот за овие натпревари што ќе биде објавен во следните 48 часа. Ракометните и кошаркарските шампионати во Црна Гора се веќе прекинати, така што правилата за присуство на навивачи ќе се однесуваат на фудбалското првенство, како и на ватерполо-шампионатот што според најавите би требало да продолжи следниот месец.

Се вчитува...