Црвена Звезда без клучен играч во најважниот дел од сезоната

Црвена Звезда многу потешко од очекувањата поведе со 1-0 во четвртфиналната серија од АБА-лигата против Студентски Центар, а тренерот Сферопулос денеска се соочи со нов огромен проблем.

Адам Ханга заработи повреда на дланката на левата рака што според првите информации воопшто не е наивна, па унгарскиот репрезентативец би можел да биде загубен до крајот на оваа натпреварувачка сезона. „Црвено-белите“ објавија само дека Ханга ќе мора да паузира во наредниот период не наведувајќи го времето на отсуство, но самата информација дека една од опциите е и хируршки зафат е јасен знак дека проблемот не е наивен.

Според распоредот, финалето на АБА-лигата би требало да стартува околу средината на месец мај, а доколку Црвена Звезда стигне до оваа фаза дефинитивно ќе биде неопходна помошта на Ханга. Останува да се види дали и колку овој кошаркар ќе може да помогне на „црвено-белите“ до крајот на оваа натпреварувачка сезона, во која приоритет е титулата во АБА-лигата која носи и загарантирано место во Евролигата за наредната сезона.

Се вчитува...