Црвена Звезда го купува „Џордан Македонски“

Џордан Теодор имаше кратка и неуспешна авантура во дресот на македонската репрезентација, во квалификациите за СП 2019 во кои бевме елиминирани од Естонија и од Косово. Сега американскиот плејмејкер би требало да биде многу поблизу до селекторот доколку се реши повторно да го повика, по најавите дека Теодор е многу близу до трансфер во редовите на Црвена Звезда.

Јасно е дека на „црвено-белите“ по пополнувањето на центарската линија, како и ангажманот на Перпероглу, се уште им треба и врвен плејмејкер во тимот, а според весникот „Блиц“ изборот  паднат токму врз Теодор, кој во следниот период ќе потпише договор со вицешампионот на АБА-лигата.

„Џордан Македонски“ ланската сезона ја мина во дресот на Милано и прикажа солидни игри. Претходно тој настапуваше за Банвит во Турција, клуб со кој беше избран и за МВП на финалниот турнир од Лигата на шампионите на ФИБА. Токму тоа беше препорака за Теодор да добие пасош и да биде повикан во македонската репрезентација, но Американецот не се снајде најдобро, што придонесе да доживееме фијаско во тој квалификациски циклус.

Се вчитува...