Црвена Звезда го понижи Реал во Белград

Црвена Звезда ја врза и третата победа од стартот на сезонава откако белградскиот тим лесно и убедливо славеше на домашен терен над Реал Мадрид со убедливи 9-75. „Кралевите“ пред два дена лесно го победија Партизан во Мадрид, но Скариоло вечерва немаше одговор за одличниот состав на Саша Обрадовиќ, кој по слабата прва четвртина одигра маестрална одбрана во преостанатите 30 минути со што си го трасираше патот до победата.

Реал имаше контрола во првиот период во кој предводен од Океке ја заврши четвртината со предност од 20-25. Милер-Мекинтаер доби помош од соиграчите во втората четвртина и тоа веднаш се одрази врз резултатот, „црвен0-белите“ примија само 14 поени (23-14) и со тројката на Оџелеје на одмор заминаа со водство од 43-39. Победникот беше практично решен по одличната трета четвртина што Црвена Звезда ја доби со 24-14, уште еден период во кој „кралевите“ се мачеа да најдат одговор за одличната дефанзива на домашниот состав. Тренерот Обрадовиќ бараше и доби максимална фокусираност на својот тим во преостанатите десет минути во кои позитивата остана двоцифрена до самиот крај и конечните 90-75.

Коди Милер – Мекинтајер беше клучна фигура со 18 поени, осум скока и 8 асистенции, 18 поени постигна и Нвора, додека Чима Монеке реализираше 15 поени. Океке со 16 и Хезоња со 15 поени беа најефикасни во таборот на Реал Мадрид во овој убедлив пораз.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...