Црвена Звезда грешеше кога беше најважно, Валенсија стигна до победата

Валенсија и Црвена Звезда одиграа фантастичен меч во кој шпанскиот тим во голема драма успеа да триумфира со резултат 76-73, втор пораз на „црвено-белите“ во последните три евролигашки рунди.

Дуелот почна со одлично офанзивно издание на двата тима, а Валенсија благодарение на одличната втора четвртина на одмор замиа со убедливи 49-39. Црвена Звезда експресно се врати во третиот период, но како што се ближеше крајот, така двата тима влегуваа во серија на некарактеристичи грешки.

Така, Бадио ја загуби топката на десетина секунди до крајот при 75-73, Црвена Звезда имаше аут на три секунди до крајот, но Калиниќ ја фрли топката со погрешнно додавање. Костело погоди само едно од двете слободни фрлања, гостите од Србија имаа последен напад, но обидот на Милер Мекинтаер беше непрецизен и Валенсија стигна до уште еден минимален триумф на домашен терен.

Бадио со 16 и Тејлор со 12 поени беа најефикасни во победничкиот тим, Црвена Звезда го имаше Милер Мекинтаер со 23 поени, но главна причина за поразот се загубените топки, дури 19 за тимот на Саша Обрадовиќ на овој меч.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...