Кошаркарите на Црвена Звезда ја забележаа и шестата едноподруго победа во Евролигата, овој пат триумфирајќи со 92-99 против израелски Макаби во „Пионир“ во Белград.
Под палката на Саша Обрадовиќ, црвено-белите продолжуваат да нижат победа, пробивајќи се сега на третата позиција на табелата во Евролигата, со шест победи и два порази во осум кола.
„Клучот беше нашето големо срце. Не одигравме онака како што сакавме. Околностите се тешки. Немавме доволно време да вклучиме нов играч. Многумина беа повредени, Нвора не играше. Но, имаме големо срце и победивме. Триумфот е триумф. Ова ќе се смета за победа на гостински терен, особено се радуваме на тоа“, рече Обрадовиќ по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

