Црвена Звезда ќе гради нов стадион во Белград со капацитет од 42.000 седишта, информираше генералниот директор на белграѓани, Звездан Терзиќ.
„Веќе е подготвена документацијата за изградба на новиот стадион. Изградбата ќе стартува во 2021 година, планиран е капацитет од 42.000 седишта а ќе чини 200 милиони евра. Секако околу изградбата на стадионот е вклучена и државата“ – информира Терзиќ.
Локацијата и на новиот стадион ќе биде на истото место на кое сега е „Рајко Митиќ“.
Терзиќ потсетува дека Црвена Звезда финансиски моќно напредувала изминативе години, па од клуб со огромни долгови сега е во ситуација да размислува за свој нов стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА