Црвена Звезда не може да се спаси од коронавирусот: Нови четворица заболени

Тројца играчи и член на стручниот штаб се четворицата новозаразени на COVID-19 во редовите на српскиот фудбалски шампион Црвнена Звезда. На тестирањето направено во четвртокот во пресрет на подготовките за новата сезона, позитивни тестови имале Срѓан Спиридоновиќ, Страхиња Екраковиќ и Вељко Николиќ додека не е објавено името на заболениот од тренерскиот тим.

Овие четворица нема да патуваат утре со тимот на Дивичибаре каде Црвена Звезда ќе ги почне подготовките. И претходно во клубот имаше позитивни на коронавирусот, петмина фудбалери, Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конотар и Бранко Јовичиќ  кои сега се во добра здравствена состојба беа заболени на крајот од преходната сезона.

Новата сезона во Србија стартува веќе на 1. август.

 

 

Се вчитува...