Црвена Звезда не запира: Потпишан и Бразилец кој беше МВП на Бундес-лигата

Црвена Звезда без конкуренција е најактивниот клуб на кошаркарската берза во овој период, откако „црвено-белите“ за помалку од десетина дена потпишаа девет нови засилувања за наредната сезона.

Последен во низата е бразилскиот репрезентативец Јаго Дос Сантос, кој денеска потпиша тригодишен договор со белградските црвено-бели. Станува збор за играч кој доаѓа од редовите на Улм, тим што сензационално стигна до титулата во Бундес-лигата, а токму Јаго беше избран за МВП на финалната серија.

Тој е деветто засилување на „црвено-белите“ летово, по ангажманите на Давидовац, Симоновиќ, Теодосиќ, Ханга, Тоби, Боломбој, Гидраитис и Нејпир.

Црвена Звезда постигна договор за нова тригодишна соработка со Стефан Лазаревиќ, кој и во иднина ќе продолжи да го носи дресот на „црвено-белите“.

Се вчитува...