Црвена Звезда не запира – потпишан и Литванецот Гидраитис

Црвена Звезда е најактивен тим на пазарот откако вицешампионот на АБА денеска комплетираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со Рокас Гидраитис, кој ќе стане прв Литванец кој го облекол дресот на белградските црвено-бели.

Станува збор за одличен кошаркар кој лани со голем успех настапуваше за Басконија, а откако вчера беше објавено дека си заминува од шпанскиот клуб веднаш се појавија шпекулации дека Црвена Звезда ќе биде негова следна дестинација во кариерата. Потврда стигна денеска, по потписот на договорот на Гидраитис со кој управата на „црвено-белите“ му исполни уште една желба на тренерот Ивановиќ, кој инсистира на доведување на универзалци кои можат да покријат повеќе позиции во тимот.

Гидраитис минатата сезона имаше одличен просек од 10,4 поени и 5,6 скокови по натпревар во Евролигата.

Претходно, „црвено-белите“ ги потпишаа и Џоел Боломбој, Дејан Давидовац, Марко Симоновиќ, Милош Теодосиќ, Адам Ханга и Мајк Тоби, а во завршна фаза се преговорите за потпис со плејмејкерот Нејпир од Олимпија Милано.

Се вчитува...