Црвена Звезда со нов договор за својот рекордер

Црвена Звезда потпиша девет нови засилувања досега, по што вицешампионот на АБА-лигата се сврте кон задржување на домашните играчи кои и лани беа дел од овој тим.

Немања Недовиќ се уште е под договор откако минатото лето потпиша на две години со „црвено-белите“, а по Лазаревиќ и Кузмиќ раководството на Црвена Звезда денеска и официјално потпиша нов договор и со капитенот Бранко Лазиќ, кошаркарот кој е рекордер на овој тим по бројот на одиграни натпревари и освоени трофеи во црвено-белиот дрес.

Лазиќ пристигна во Црвена Звезда во 2011 година, откако претходно четири сезони настапуваше за ФМП. Тој има шест пехари во АБА, осум трофеи шампион на Србија и седум во Купот на Србија.

Се вчитува...