ЦСКА го доби руското дерби во Евролигата

Кошаркарите на ЦСКА Москва славеа во руската пресметка од 22. коло во Евролигата, триумфирајќи на гостувањето против Химки со 69-78.

ЦСКА без никакви проблеми стигна до победата, јасно наметнувајќи агресивен ритам од почетокот на натпреварот, па веќе на полувремето имаше предност од осум поени (32-40). Одличната трета четвртина на гостите и дефинитивно го најави победникот, па во последниот период само рутински ја зачуваа предноста.

Ова е 16-та победа за ЦСКА Москва која се зацврсти на втората позиција на табелата веднаш зад Анадолу Ефес.

Се вчитува...