ЦСКА Москва е незапирлива, осми пат е на европскиот кошаркарски трон

ЦСКА Москва дојде до осмата титула во кошаркарската Евролига. Во битката за трофејот на Ф4 турнирот во Виторија, рускиот состав кој го одигра 14. финале го победи дебитантот на завршниците, турскиот Анадолу Ефес со 91-83.

ЦСКА постојано ја имаше предноста најмногу од плус 14, а Ефес направи три обиди да ја достигне негативата и беше блиску. Се врати по фуриозната воведна четвртфина на рускиот состав играјќи многу подобри втори 10 минути по кои имаше само два негaтива на полувремето (42-44).

ЦСКА во третата четвртина повторно дојде до највисоките плус 14, а Ефес повторно се враќаше и намали на достижни шест на крајот од третиот период. Но, ЦСКА го одби и овој обид на турскиот тим, повторно направи двоцифрена предност по што до крајот, Ефес се приближуваше, но во ниту еден момент вистински за да ја загрози победата.

Кори Хигинс и Вил Клајбурн со по 20 поени ја предводеа ЦСКА до победата, Нандо Де Коло постигна 13 поени. Шејн Ларкин повторно одигра одлично, постигна 29 поени и беше лидер на Ефес,  Крунослав Симон беше втор стрелец со 15, а Брајан Данстон постигна 13 поени.

ЦСКА Москава до финалето стигна со голем пресврт во полуфиналната пресметка со Реал Мадрид кој завршува на третото место на Ф4 турнирот откако во малото финале го декласираше Фенербахче со 94-75.

 

 

Се вчитува...