ЦСКА надополни -14 против Реал и се пласираше во финалето на Евролигата

ЦСКА Москва успеа да анулира негатива од -14 и да го совлада актуелниот европски шампион Реал Мадрид со 95-90  во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Евролигата кој се игра во Виторија, Шпанија.

Бранителот на титулата подобро го отвори натпреварот. Одличната игра во одбрана на „кралевите“ им донесе водство плус 11 (11-22) во 8. минута од натреварот. До крајот на првата четвртина ЦСКА Москва успеа да ги консолидира своите редови и со срија од 7 нула да се приближи на 22-18. Во втората четвртина се играше кош за кош, ниту еден од ривалите не успеа да направи поголема предност, а на полувреме се замина со минимално водство на Реал Мадрид од 43-45.

Кралевите подобро го отворија второто полувреме и со одлична игра во нападот во 26. минута стигнаа  до највисоките +14 (51-65). До крајот на третиот период Итудис успеа да ги консолидира редовите во својот тим, а по 30 минути игра резултатот гласаше 65-73.

Московскиот тим продолжи со добрата игра и на стартот на последната четвртина, а во 37 минута успеаја да го израмнат резултат (80-80). Натпреварот влезе во неизвесна, а на 1:19 секунди до крајот со неверојатната тројка на Нандо де Коло, ЦСКА Мосвка стигна до целосен пресврт (87-85). Натпреварот влезе во неизвесна  завршница во која подобро се снајде рускиот тим за конечна победа од 95-90.

Најефикасни кај ЦСКА Москва беа Нандо де Коло и Серхио Родригез со уфрлени 23 поени, а кај Реал Мадрид Фабијан Козер постигна 18, а Рендолф 12 поени.

Финалниот натпревар и мечот за третото место на Ф4 турнирот во Виторија на програмата се во недела.

Се вчитува...