Англија се пласираше во осминафиналето од СП 2026, каде ќе се сретне со ко-домаќинот Мексико. „Гордиот албион“ тој натпревар ќе го игра во еден часот по полноќ по англиско време, а Томас Тухел од САД испрати апел до „островот“ – родителите да ги остават децата да го гледаат тој историски меч дури и доколку тоа значи да не одат во училиште наредниот ден.
„Децата треба да се пред ТВ и да гледаат. Напишете им оправдание, нека не одат во училиште, само нека го гледаат натпреварот и нека навиваат за Англија. Секогаш ќе има време да се оди на училиште, но СП се игра на секои четири години. Потребно ни е да ја чувствуваме поддршката на целата нација, особено на децата“, порача Тухел.
Англискиот селектор се изјасни, останува да се види дали и колку родителите ќе го послушаат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
