Тухел ќе гради мега-тим во Челси – заминуваат „непотребните“, доаѓаат ѕвезди

По доаѓањето на Томас Тухел на клупата на Челси, составот од „Стемфорд Бриџ“ го покажа целиот расположлив арсенал, но се чини дека и долгата клупа на која има играчи за два состава не е доволна за „сините“. Имено, како што пренесуваат медиумите на „Островот“, германскиот стратег спрема „чистка“ во летниот период со цел доведување на нови ѕвезди.

На излезните врати од Лондон се наоѓа Оливие Жиру, искусниот напаѓач кој под водство на Тухел не добива шанса. Договорот на Французинот завршува ова лето па јасно е дека за 34-годишникот нема место во тимот. Покрај него се најавува заминување на Тами Абрахам, напаѓачот со сличен профил на Жиру кој оваа сезона и покрај тоа што одигра само 21 натпревар, постигна шест гола за својот тим со што е најдобриот стрелец во таборот на „сините“.

За услугите на Абрахам се заинтереснирани голем број на клубови од Англија и останатите „Топ 5“ лиги, а неговата цена е околку 40 милиони евра. 23-годишникот потекнува од школата на Челси од каде доаѓа и Фаикајо Томори од кој лондонскиот состав ќе заработи околку 30 милиони евра со потписот за Милан.

Напаѓачите на Челси не се прославија оваа сезона па погледите во Лондон се насочени кон Ерлинг Халанд, за кој Абрамович ќе мора да „го одврзе ќесето“, но покрај Борусија Дортмунд, Тухел сака да пазари и во Минхен каде во преден план е Никлас Зуле.

Челси е на добар пат да избори место во Лигата на Шампионите и следната сезона преку домашното првенство, а составот на Тухел има и поволна позиција по првиот полуфинален натпревар против Реал Мадрид по кој имаат предност во гол на гости. Со новите засилувања се очекува „сините“ да се вратат на врвот на Премиерлигата и во иднина да бидат постојани конкуренти во најсилното фудбалско натпреварување.

Се вчитува...