Тухел: Мора да бидеме перфектни против Манчестер Сити

Четвртфиналните натпревари од Лигата на Шампионите започнуваат денеска од 21 часот со средбите помеѓу Бенфика и Интер, односно Манчестер Сити и Баерн Минхен. За јавноста далеку поинтересен е дуелот кој ќе биде одигран во Англија во кој ќе се сретнат англискиот и германскиот шампион.

На клупата на баварците за прв пат сезонава во најсилното фудбалско натпреварување ќе седне Томас Тухел кој очекува тежок натпревар во кој како што вели неговите избраниците мораат да бидат на врвно ниво.

„Го анализиравме Манчестер Сити во изминатите недели. Јас бев активен таму и во лигата како тренер. Мислам дека знаеме што да очекуваме. Сакаме да не им дозволиме да доминираат. Пеп Гвардиола на своите тимови им дава свој стил. Тоа што тој го прави е посебно. Ние ќе се обидеме да најдеме решенија со и без топка. Потребен ни е комплетен перформанс“, вели германскиот стратег.

Се вчитува...