Тухел: Нема опуштање, работата не е завршена

Менаџерот на Челси, Томас Тухел е задоволен по победата на неговиот тим над Лестер со 2-1, што го донесе неговиот тим на третото место, па сега „сините“ се многу блиску до пласман во Лигата на шампионите.

Тухел не штедеше комплименти за својот тим, па кажа дека неговите фудбалери одиграле така како што претходно било договорено, но напомена дека се уште нема простор за опуштање.

„Одлична игра прикажаа моите фудбалери. Тие беа на високо ниво и ние апсолутно заслуживме да победиме. Бевме добри и од двете страни на теренот, и офанзивно и дефанзивно. Огромен плус беше што конечно имавме и навивачи. Се на се, убава ноќ за нас“, рече Тухел.

Пред само четири дена, Лестер го победи Челси во финалето на ФА купот, па сега тимот на Тухел се реванширање на „лисиците“ на најдобар можен начин.

„Разговаравме долго после тој натпревар. Им посочив на грешките на играчите. Тие сега го корегираа сето тоа, играа на многу високо ниво. Едноставно, бевме вистинскиот тим“, рече германскиот стручњак.

Се вчитува...