Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, се обиде да најде позитивни аспекти по неочекуваното реми со репрезентацијата на Гана (0-0) во второто коло од Групата Л на Светското првенство.
По две кола, и Англија и Гана имаат сега по четири бода, додека Хрватска има три.
Посебно ќе се памети големата пропуштена можност на капитенот на Англија, Хари Кејн, на крајот од натпреварот, кога ја пропушти клучната можност да му донесе победа на својот тим.
„Инаку, тоа е чист гол за нас. Беше одлична шанса… Знаевме дека ќе биде тешко, Гана беше уште подефанзивна отколку во првиот натпревар“, рече Тухел по натпреварот.
Германскиот стручњак истакна дека ривалот бил фокусиран на одбраната речиси цел натпревар.
„Тие се бранеа во формација 4-5-1. Почнавме да играме со вистински интензитет како што одминуваше натпреварот, но не успеавме да постигнеме гол. Се браневме добро во поголемиот дел од натпреварот и мора да бидеме задоволни, а играчите што влегоа од клупата беа исто така добри“, додаде селекторот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
