Тухел: Сè уште сме пред Ливерпул, сè е во наши раце

Менаџерот на Челси, Томас Тухел вели дека неговиот тим незаслужено ги загубил последните натпревари, но дека сè уште зависи од нив борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот од Лондон направи огромен чекор напред со доаѓањето на германскиот тренер, кој направи одлични резултати и го доведе Челси до идеална ситуација на крајот од сезоната.

Тимот на Тухел во моментов е четврти на табелата со два бода помалку од Лестер, и само еден бод пред Ливерпул на две кола пред крајот.

Ливерпул дојде до победа во неделата против ВБА на гости со голот на голманот Алисон во 95-та минута, па новинарите го прашаа Тухел дали го гледал тој натпревар?

„Се вратив дома попладне и проверив на телевизија, видов дека е 1-1. Повторно проверив во 95-та минута и сè уште беше 1-1. И тогаш го видов тој гол. Фантастичен удар со глава, што го направи крајот Премиер лигата уште по интересен. Всушност, тоа го направи многу интересно и неизвесно. Но, сè е во наши раце“, рече Томас Тухел.

Германскиот тренер не сакаше да се жали, но посочи дека неговиот тим заслужил многу повеќе во деулите со Арсенал и Лестер. На двата меча, Челси доминираа, но не успеаја да реализираат повеќе голови за да обезбедат победа.

„Проблем ни направи натпреварот против Арсенал. Имавме шанса да ја завршиме приказната, но со пораз ја оставивме вратата отворена и Ливерпул сега чекори на таа врата. Тие се силен тим и го направија она што зависи од нив. Во претходниот период вложивме огромен напор да ги престигнеме и успеавме во тоа. Но, сега треба да ја завршиме работата што ја започнавме. За среќа, сепак зависиме од нас самите нас“, заклучи Тухел.

Се вчитува...