Тухел со порака до Лукаку: Ќе се вратиш во првиот тим само ако играш како Тимо Вернер

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека Ромелу Лукаку мора да игра како Тимо Вернер за да се врати во стартниот тим. Белгискиот напаѓач не ги оправда очекувањата по големиот трансфер од Интер минатото лето и стана резерва на лондончани.

Вернер имаше слични проблеми во првата сезона на „Стемфорд бриџ“, но играше редовно во последните седмици и дури постигна неколку голови.

„Она што го направи Тимо е токму она што треба да го направи Лукаку. Да почека, да биде трпелив, да работи напорно и да го стави тимот на прво место, да биде подготвен да му помогне на тимот“, изјави Тухел.

Лукаку дојде како огромно засилување од Интер во Челси, но и во вториот престој на „Стемфорд бриџ“ се соочува со проблеми со настапите. Оваа сезона има запишано само 12 гола на 36 натпревари.

Се вчитува...