Тука и Лалова најдобри балкански атлетичари за 2019

Амел Тука од Босна и Херцеговина и Ивет Лалова од Бугарија се најдобрите балкански атлетичари за 2019 година.

На „Гала вечер“ која се одржа во Врњачка Бања, наградата за најдобар меѓу мажите заслужено му припадна на Тука кој на Светското првенство во Доха го освои сребрениот медал на трката на 800 метри. Лалова на истото натпреварување го освои седмото место на трката на 200 метри.

За најдобри млади атлетичари беа прогласени, Бугаринот Валентин Андреев и Украинката Јарослава Махучик која исто така се закити со сребро на Мундијалот во Доха.

Се вчитува...