Тумбаковиќ нема да ја води Србија во плеј-офот од Лигата на нациите?

Проблемите во фудбалската федерација на Србија продолжуваат. По разочарувачкиот настап на Мундијалот во Русија, популарните „Орли“ потфрлија и во квалификациите за Европското првенство, поради што преку плеј-0фот во Лигата на нации ќе се обидат да се квалификуваат на смотрата на најдобрите на Стариот континент.

На клупата на репрезентацијата квалификациите ги почна Младен Крстаиќ, но поради лошите игри беше заменет од Љубиша Тумбаковиќ. Иако на неговиот грб немаше голем притисок, бидејќи требаше да направи чудо за преку квалификациите да ја одведе Србија на ЕВРО, сепак српските медиуми пренесуваат дека ќе биде сменет од позицијата пред плеј-оф натпреварите.

Од ФСС сметаат дека од неговото доаѓање играта на репрезентацијата воопшто не е променета и поради тоа бараат подобро решение за плеј-офот. Како негова замена се споменува името на Велјко Пауновиќ, стратег со кој младинската репрезентација на Србија го освои златото на Мундијалот во Нов Зеланд, а на клупски план го водеше МЛС тимот на Чикаго Фајр.

 

Се вчитува...