Турингер остана без клучна ракометарка пред стартот на ЛШ

Екипата на Турингер, која е еден од ривалите на ЖРК Вардар во групната фаза од ЛШ, се соочува со сериозен проблем по повредта на една од најдобрите ракометарки во своите редови, Ане Хубингер, заработена пред квалификацискиот дуел меѓу Турција и Германија.

Хубингер настрадала при загревањето, здобивајќи се со сериозна повреда на стопалото, поради што морала ноќта да ја мине во болница.

„Сите сме шокирани, жал ни е за тоа што и се случи на Ане. Се надеваме дека има сили да се рехабилитира по оваа повреда“ – порачаа од Германската Ракометна Федерација.

Германците стравуваат дека Хубингер, која настапува на позицијата десен бек, нема да биде во можност да настапи на претстојниот мундијал што ќе се одржи во декември, што би значело дека оваа ракометарка сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари од првата фаза по групи во ЛШ, во која Турингер покрај Вардар ќе се сретне уште и со екипите на ФТЦ Будимпешта и на Ларвик.

Се вчитува...